еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули.

– На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, напиша Мицковски.

Во статусот на Фејсбук, Мицкоски оценува дека државата се наоѓа во лоша економска и здравствена криза и оти единствениот излез се изборите и како што вели, убедлив пораз на Заев и СДСМ.

– Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна, пишува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Мицкоски се договорија, избори на 15 јули

Сите детали: Како ќе изгледаат изборните активности и гласањето во време на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата велат дека македонскиот јазик е единствен службен јазик на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи

Редакција

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

Истражување на Евротинк: Граѓаните најмногу и веруваат на Армијата, најмалку на судовите

Редакција