Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на трибина во Делчево истакна дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на како што вели, бугарскиот диктат, и дека партијата нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности ни сега ни во иднина.
Во својот говор Мицкоски најави дека ќе присуствува на најавената лидерска средбата зошто смета дека е потребно да се учествува на средби кога е во прашање државата.
„Овие денови најавија лидерска средба. Немам да бидам искрен голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат,“ изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук