еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски се дообјасни: Гоце Делчев и јазикот се македонски

По лавината од реакции во јавноста и на социјалните мрежи за видеото од средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Загреб, се огласи Мицкоски.

Во видеото Мицкоски меѓудругото на бугарски јазик вели дека го подржува Договорот за добрососедство и пријателство.

„Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ. Она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија.

Имавме конструктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отворање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам.

Македонскиот јазик е кодифициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија, ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев, итн“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Чекам видео од сребата Мицкоски-Мицотакис“: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „тапет“ на Твитер по средбата со Борисов

(ВИДЕО) Борисов го испраша Мицкоски што мисли за ЕУ и за Договорот за добрососедство со Бугарија

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефан Богоев именуван за нов директор на Центарот за анализи на СДСМ

Редакција

(Видео) Европа не чекала, рече во Собрание Фон дер Лајен, која убедува дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени

Редакција

Пендаровски пријавил во МВР дека е следен

Редакција