еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Грција не е за одвојување на Македонија и Албанија, му кажал Мицотакис на Заев

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис во Владата во Атина. На средбата присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи.

-Премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација. Беше заклучено дека Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија, информираат од Владата.

Во однос на евроитеграциите на Северна Македонија премиерот Мицотакис порачал до премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат.

Заедничка била констатацијата на премиерите дека Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и дека претпристапните преговори со ЕУ треба да почнат час поскоро.

Земјата покажа дека има сериозен капацитет да склучува и исполнува договори за пријателство, заклучиле Мицотакис и Заев.

Дополнително на средбата било подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнување на процесот на преговори со ЕУ.

Поголем дел од состанокот премиерите на двете земји разговарале за искористување на потенцијалите за економска соработка, како и за деловните можности кои произлегуваат од соработката меѓу стопанските комори од двете земји.

Премиерот Мицотакис истакнал дека поради економски и геополитички причини Грција сериозно ја поздравува и поддржува одлуката на Северна Македонија за инвестициите во гасните проекти Александруполи.

Во рамки на средбата, премиерот Мицотакис го известил премиерот Заев дека почнувајќи од утре, 14 мај, се отвора граничниот премин „Евзони“ за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски му порача на Радев повеќе да се занимава со реформите во неговата држава

Редакција

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција

Истрага на СЗО: Исклучително неверојатно е Ковид-19 да тргнал од лабораторија во Кина

Редакција