еМагазин
Image default
Балкан

Милан Радоичиќ, како граѓанин даде изјава во српското МВР, за инцидентот во Бањска во Косово

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во с.Бањска на 24.09.2023 година, соопшти српското МВР.

За наведеното, како што се додава во соопштението, во форма на записник ќе биде известено Вишото јавно обвинителство Белград, кое ќе преземе натамошни процесни мерки и дејствија од негова надлежност.

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој во петокот поднесе оставка од таа функција, преку изјава што ја пренесе неговиот адвокат потврди дека бил со група Срби од Косово, кои се судрија со косовската полиција во близина на с. Бањска и дека тој стои зад логистиката, како и дека официјален Белград не бил информиран за тој план.

Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ рече дека смета оти нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби и дека нема „апсолутно никаква одговорност“ на нивна страна.

Во судиорт меѓу косовски Срби и косовската полиција во неделата на 24 септември во селото Бањска загина полицаец Албанец и најмалку тројца Срби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа куќата на Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

МИА/Фото: Српска листа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Македонија

Редакција

Грција го реши проблемот со вчитување на „кју ар“ кодот на српските сертификати за вакцинација против Ковид-19

Редакција

(Видео) Еди Рама грубо оттурна новинарка, не планира да се извини

Редакција