еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: Од уставно-правен аспект Собранието не може да одлучува преку онлајн апликации

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата пратеничка група, денеска изјави дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма односно членот 69, која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Милошоски наведува дека ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

– Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата, потенцира Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Подоцна пратеникот овој свој став го објасни во изјава за медиумите потенцирајќи дека одговорност е на владејачките партии што одлучиле со такво тенко мнозинство да влезат во една „авантура наречена ефикасни институции, кои што ги ветуваа пред изборите“.

– За да има ефикасни институции, мора да има соработка од власта со сите други пратенички групи и уважување на нивните ставови и мислења кога се работи од интерес на граѓаните, вели Милошоски.

Доколку, како што додава тој, на мускули се тера проектот онлајн седници се ризикува политичка криза во Собранието и дополнително се воведува уште една правна несигурност.

– Кој било закони што би се изгласале на онлајн седници, а Уставот предвидува присуство, порано или подоцна може да паднат на Уставен суд, рече пратеникот на опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова позитивна на Ковид-19

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесник Авдија избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат крстосници во Скопје и други градови секој ден, се додека Владата не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

Редакција

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник“

Редакција