Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 февруари покажуваат дека се тестирани вкупно 26.360 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,1% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 8.638 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=9.977).
Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=4.838; 56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 837,8,1/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години
Минатата недела од Ковид-19 починале 124 лица од 23 градови
Минатата недела шест лица по третпат се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ