Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 14 до 20 ноември во Македонија биле регистрирани 179 нови случаи на Ковид-19.
Според ИЈЗ во овој период починале седум лица, најмногу од Скопје, тројца.
Во овој период регистрирани се 234 оздравени пациенти.
Министерството за здравство веќе извесно време не ја информира јавноста и медиумите за ковид-статистиката, а ИЈЗ редовно на својата веб страна објавува неделен преглед.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.