еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Прегрупирање во банкарскиот сектор: Поголемите банки ќе ги „голтнат“ помалите

По почетокот на продажбата на Охридска банка на Шпаркасе банка, како и најавата за можно преземање на Еуростандард банка од Комерцијална банка извесно е дека бројот на банки во Македонија ќе се намалува во идниот период.

На потребата од окрупнување на капиталот во банкарскиот сектор подолг период укажува експертската јавност според која бројот на банки во земјава е преголем за малиот македонски пазар.

Имено, на 31.3.2019 година, во земјава функционирале петнаесет банки. Бројот на банки во претежна странска сопственост е единаесет банки, а бројот на подружници на странски банки е шест банки.

Според податоците на Народната банка во првиот квартал од 2019 година, банките во претежна странска сопственост го зајакнаа своето најголемо учество во повеќето категории активности.

Исклучок се депозитите од нефинансиски субјекти, каде што учеството на банките во претежна странска сопственост се намали, на квартална основа (за 1,4 процентни поени), но и натаму е најголемо (70,4%).

Од друга страна, банките во претежна странска сопственост имаат највисоко учество во кредитите на нефинансиски субјекти (80,4%) и во вкупниот финансиски резултат (78,4%).

Разликата помеѓу банките во однос на нивното учество во вкупната актива и натаму е висока, иако има минимално квартално намалување на распонот помеѓу банката со највисоко (22,7%) и банката со најниско учество (0,5%) за 0,1 процентен поен.

Пазарното учество во вкупната актива на трите најголеми банки во системот се намали за половина процентен поен, што беше распоредено кај секоја од трите најголеми банки.

И две средни банки (најголемата и најмалата средна банка во системот) бележат намалување на пазарните учества, додека кај сите останати банки, пазарните учества малку се зголемија или беа речиси непроменети, како и на 31.12.2018 година.

Десет банки во системот имаат поединечни пазарни учества помали од 5% (нивното заедничко пазарно учество изнесува 25,6%), додека петте најмали банки во системот имаат пазарно учество од 7,1% на 31.3.2019 година.

Тоа значи дека со окрупнувањето големите банки ќе можат да понудат многу поконкуретни услови за работа од малите банки, со што нивното работење од ден на ден ќе стане се помалку одржливо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе со купувањето на Охридска банка ќе ги загрози Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка

Колку пари ќе бара Трифун Костовски од Хари Костов за продажба на Еуростандард на Комерцијална банка?

Дали Комерцијална банка „се плаши“ од продажбата на Охридска банка?

Почнува продажбата на Охридска банка

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 515 болни од Ковид-19

Редакција

Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата

Редакција

Македонија ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас што го договорија ЕУ и САД

Редакција