Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 ноември покажуваат дека во Македонија за тој период се пријавени 79 смртни случаи од Ковид-19 во 19 градови, а најголем дел од нив се од Скопје (31).
“Најголем број (n=67; 84,8%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (3), 30-39 години (3) и од 10-19 години (1 лице)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст од 28,9%: Минатата недела 49 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.