еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација и за него ќе важат истите правила како за сите, без разлика што нема официјално решение врз основа на епидемиолошката анкета.

Денеска одговарајаќи на новинарско прашање колку време ќе остане во самоизолација, министерот Филипче, посочи дека иако по епидемиолошката анкета ризикот е мал, сака да покаже личен пример.

– Ќе останам 14 дена во самоизолација, иако беше оценето после епидемиолошката анкета дека ризикот е мал.

Сепак сметам дека и на најмал ризик треба да се пристапи сериозно, за здравјето на најблиските, големиот број вработени во Министерството за здравство, за моето лично здравје и секако пример што сакам да го дадам на сите граѓани, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на онлајн прес видеосесија за КОВИД-19 на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 мај, вели Спасовски

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Вкупно 1.170: Нови 53 лица заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 747 оздравени од Ковид-19

Редакција

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Редакција

Пожарот кај Фурка се уште активен, изгаснати 12 други

Редакција