еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Спасовски оцени дека сме имале мирни и фер избори

Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи. Уште едно важно обележје на овие избори, во текот на целиот изборен процес е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, порача вечерва министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на вториот круг од Локалните избори, нагласувајќи дека до 19 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани за 31,7 проценти, во споредба со изборите во јули 2020 година.

– Во вториот круг се регистрирани 114 пријавени настани, од кои најголемо намалување од 67 отсто е забележано кај пријавените поткупи. Најголемиот број пријавени настани се на подрачје на СВР Штип – 50, 32 настани на СВР Куманово, 12 на СВР Битола, шест на СВР Скопје, пет на СВР Струмица, пет на СВР Тетово, три на СВР Охрид и еден настан на подрачје на СВР Велес.

Најголемиот број на настани се однесуваат на агитирање на гласачи – 83 настани, од кои 14 се отфрлени како неосновани, а по другите пријави се постапува, информираше Спасовски.

Во овој сегмент, појасни министерот, влегуваат и пријави за превезување на гласачи, вршење притисок-влијание на гласачи, носење на лични карти на гласачи, телефонски јавувања и други, изборен поткуп – 10 настани, од кои три се веќе отфрлени како неосновани, а за останатите се преземаат мерки за расчистување, три настани за вербални закани, две пријави за злоупотреба на лични податоци, два настани за загрозување на сигурноста, од кои еден отфрлен како неоснован, додека за другиот се постапува, групирање на лица во близина на гласачко место, два настани, од кои еден отфрлен, а за другиот се преземаат мерки за негово расчистување.

– Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега, но би сакал да ги споменам двете пријавени кривични дела и тоа уништување на изборен материјал на подрачјето на ОВР Кичево, за што против лицето кое е приведено ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување изборен материјал“ и повреда на тајноста на гласањето на подрачјето на ОВР Кочани за што ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

Во пет од настаните (три на подрачје на СВР Битола и по еден на СВР Скопје и СВР Тетово) пријавени се пет полициски службеници, од кои четири пријави се отфрлени како неосновани, а за петтиот се преземаат мерки и активности за расчистување, истакна Спасовски.

Министерот комнстатираше дека МВР, кое има една од клучните улоги во спроведувањето на изборните процеси, успешно ги презеде сите надлежности предвидени со Изборниот законик, од доставување на податоците за ажурирање на Избирачкиот список, преку обезбедување услови за мирна, целосно безбедна, фер и демократска атмосфера, како во текот на целиот изборен процес, така и на денешниот изборен ден, па сѐ до обезбедување, преземање и враќање на изборниот материјал во Државната изборна комисија (ДИК).

Тој упати посебна благодарност до медиумите и новинарите за соработката и за квалитетот на односите кои, како што рече, ги градевме и во текот на овој изборен процес, а кој се засноваше на веќе воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втора жртва со коронавирусот во Тиквешко, почина 56 – годишно лице од Неготино

Редакција

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

Редакција

Во Македонија имало 15 припадници на Фето, од кои две лица веќе заминале од земјава

Редакција