еМагазин
Image default
Бизнис

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска почна прес-конференција на албански јазик

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска прес-конференцијата ја почна на албански јазик и на новинарско прашање потенцира дека од денеска и албанскиот јазик е официјален.

„Од денеска официјални јазици во Република Македонија се македонскиот и албанскиот јазик, имајќи во предвид дека над 20 отсто од населените зборува албански јазик и тоа е објавено во Службен весник со новиот Закон за јазици“, рече Бектеши.

Тој нагласи дека и претходно прес-конференцииите некогаш ги почнувал на албански, а некогаш на македонски јазик.

„Тоа не кажува ништо. Ние треба да се разбираме едни со други, имајќи во предвид дека јас и додека не беше објавен Законот за јазиците за нашите медиуми и за нашите граѓани сум се обраќал на албански јазик, така ќе продолжам и во иднина“, нагласи Бектеши.

Инаку, тој соопшти дека Министерството за економија за годинава има одвоено 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво. Програмата, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши, годинава ќе се спроведува во четири делови.

„Првиот дел ќе биде директна поддршка за малите и средните претпријатија, вториот дел е за генералната индустриска политика, третиот е за поддршка на кластерите, а четвртиот за поддршка на компаниите кои ќе преземаат активности во полето на општествена одговорност“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека во минатата година беа реализиран 99 отсто од средствата што беа предвидени согласно Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво.

„Имавме предвидено само 10 милиони денари за поддршка  за малите и средните претпријатија, но и генерално за индустриската политика. Годинава имаме предвидено 53 милиони денари  за оваа програма. Во неколку наврати кажавме дека 2019. ќе биде економска година за Република Македонија и убедени сме дека со креирање на ваквите мерки и со другите мерки предвидени од Владата, заедно со бисниз заедницата ќе го реализираме предвиденото во Буџетот, но ќе достигнеме и уште повеќе. Сите предуслови се исполнети во земјава да се реализираат сите предвидени проекти за 2019 година“, посочи Бектеши.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Димакс рудници вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Под хипотека 122.307 станови во земјава: Во Скопје „заглавени“ 57.106 станови

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција