Министерство за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни.
„На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.
По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимка од дрон ја открива катастрофата по експлозијата во Бејрут
(Видео) Хаос во Бејрут: Од стравичната експлозија загинаа најмалку 78 луѓе, околу 4.000 се повредени
(Вознемирувачко видео) Силна експлозија во Бејрут, се пребрoјуваат повредените
Фото: МО