Синоќа се одржа гала церемонијата во Варшава организирана од страна на Европските Бизнис Награди по повод доделување на наградите за најдобри компании и претприемачи во Европа.
На овогодинешното издание на Европските Бизнис Награди, на основачите на CodeWell, Нино Карас и Мартин Анчевски, им беше официјално доделена наградата за Национален Победник во категоријата Претприемачи на годината.
Оваа награда претставува голем успех и признание за CodeWell како исклучителни лидери во областа на претприемништвото и иновациите. Ова е голем успех и за нашата држава која со ваквите примери се пробива во светот на бизнисот на едно повисоко и посериозно ниво.
Нино Карас и Мартин Анчевски се основачи на CodeWell, интернационална компанија која е специјализирана во полето на вештачката интелигенција со фокус на Chatbot-ови и мобилни апликации.
Најновиот продукт на компанијата е CodeWell AI – напредна технолошка платформа за создавање паметни дигитални асистенти кои доаѓаат во форма на чет ботови и се во можност да зборуваат на било кој јазик со голема прецизност од над 95%.
Oваа платформа им помагa на бизнисите да автоматизираат цели оддели преку асистенти базирани на вештачка интелигенција, што резултира со големи заштеди кај компаниите, но и директно зголемување на профитот.
Прва имплементација на оваа платформа во Македонија е четботот на А1 за препорака на телефони со име Славчо (www.sakamtelefon.mk).
Продуктите позади кои стои CodeWell на неколку наврати се најдоа и на страниците на најпознатите медиуми во светот, вклучувајќи ги Forbes, The Huffington Post, TechCrunch, Venture Beat и останати.
CodeWell најавува дека ќе продолжи со ваквата тенденција на достигнувања и успеси во областа на иновативните технологии и бизнис сферата.