еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Младинската иницијатива S.H.A.R.E. од гимназијата „Орце Николов“ во акција – заедно во решавање на проблемите на младите

„Што ми помогна да го пребродам проблемот“, ќе биде темата на изложбата која ќе се оджи на 27 мај, 2019 година со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.  Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваат проблеми на младите и начините на кои тие се справуваат со нив.

Изложбата е во организација на младинската иницијатива S.H.A.R.E. (Speak Honestly And Resolve Everything) кои ја покренаа десетина средношколци од гимназијата „Орце Николов“,во рамки на проектот “Вклучи се за промена” од здружението „Лидери за едукација“, активизам и развој (LEAD) и Агенција за млади и спорт.

На овој отворен настан ќе бидат изложени фотографии, цртежи, поезија и други форми на изразување, преку кои младите ќе го презентираат својот начин на соочување и решавање на проблемот.

Сите пристигнати творби на изложбата ќе бидат анонимни, за да се стави акцент на начинот на соочување и решавање на проблемот, наместо на личноста која се соочувала со истиот.

Организаторите на изложбата младинската иницијатива S.H.A.R.E. ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ја посетат.

Изложбата „Што ми помогна да го пребродам проблемот“, што ќе се одржи во понеделник на 27 мај 2019 во гимназијата Орце Николов од 19.00 часот, е една од активностите што досега ги реализираше младинската иницијатива S.H.A.R.E.

Во насока на подигнување на свеста кај младите за поголема грижа за своето метнално здравје и успешно решавање на проблемите со кои се соочуваат, досега се организирани низа работилници и настани.

На нив, младите преку симулации, студии на случаи и други форми работеа на подигнување на свеста за важноста на споделувањето на проблеми но и посетата на стручно лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

Редакција

Уште еден ден до крајот на УЛТРА РАСПРОДАЖБА во Капитол мол!

Редакција

Изложбата „Вевчански видувања 2019“ од вечерва во НЛБ Галерија

Редакција