Покрај веќе сертифицираните системи за квалитет и безбедност на храна FSSC (Food Safety System Certification) 22000 и ISO 22000, Млекара Здравје во целост ги имплементираше меѓународните IFS (International Featured Standard – Food) и британскиот BRC, највисоките стандарди во оваа област, информираат од компанијата.
“Со сертификацијата се потврдува беспрекорноста на процесот на производство, техничките перформанси и ефикасноста на услугата кон купувачите на Млекара Здравје, што воедно го потврдува и квалитетот на производите.
Овие активности на млекарницата имаат за цел да ја потврдат безбедноста и квалитетот на своите производи на домашниот пазар и интенцијата за пласман на производи пред меѓународните потрошувачи. Компанијата во континуитет дава значителен придонес за афирмација на квалитетот на македонските производи во светски рамки.
Во Млекара Здравје постои целосно автоматизиран процес на производство. Од обезбедените лактофризети, млекото директно се пренесува во производните погони, дополнително се прават контроли во повеќе фази“, велат од компанијата.
Млекара Здравје ги има имплементира и применува НАССР стандардите, со цел одржувањето на високиот квалитет на производите што и понатаму ќе биде основна цел на сите понатамошни развојни и инвестициони активност, велат од компанијата.