еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се зголемува бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Израел

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во загрозените подрачја во Израел се зголемува. Формиран е кризен штаб чија задача ќе биде да ги следи и координира сите постапки поврзани со нашите државјани на кои им е потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање.

– Според информациите на Амбасадата во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја.

Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација, се наведува во соопштението од МНР.

Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена и итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24-часовна достапност, како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните.

Дипломатската мрежа е во контакт и со дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.

– Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: oref.org.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, истакнуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах денеска го нападна Израел, по што следеше напад на Либан

(Видео) Вознемирувачки снимки од Израел по нападите од Хамас

(Вознемирувачки видеа) Бројни Израелци киднапирани од Хамас, најмногу деца и жени кои станаа “секс-робинки“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лекот „Ремдесивир“ не делува врз коронавирусот

Редакција

Нови 148 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Кочани

Редакција

Од Цементарница Усје ги отфрлаат „неоснованите ставови“ на градоначалничката Арсовска

Редакција