Државниот секретар во Министерството за надворешни работи (МНР), Зоран Попов денеска ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје, информираат од МНР.
– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот, соопшти МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации
(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи
Воедно, се посочува дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија.
-Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението.
Фото: МНР