еМагазин
Image default
Македонија

МНР: Нашите државјани во Кина може и самостојно да се вратат, во моментов нема целосни евакуации

Министерството за надворешни работи продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање. Од таму информираат дека посебно внимание се посветува на државјаните кои престојуваат во загрозените подрачја – посебно во градот Вухан и поширокото подрачје.

Исто така, Министерството, преку Амбасадата во Пекинг, е во редовен контакт и со нашите сонародници во другите градови и региони во НР Кина.

„Министерството укажува дека во моментов не се организираат целосни евакуации на странски државјани од Пекинг и од другите делови на Кина. Во случај на нивно организирање, Амбасадата навремено ќе ги  информира државјаните кои се наоѓаат на територијата на Народна Република Кина и ќе ги извести за потребната процедура.

Нашите државјани, по свое убедување и во сопствен аранжман, можат и самостојно да се вратат во земјата, почитувајќи ги прописите од надлежните органи на секоја држава на транзитирање,“ се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот

Мапа: За еден ден починаа 58 лица од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопска апелација му го укина куќниот притвор на Јанакиески, ја заменува со мерка претпазливост

Редакција

Нови 494 случаи на Ковид-19, во Скопје 231

Редакција

Влада му наложи на МНР да ги презеде сите мерки за безбедноста на членовите од Македонија во мисијата на ОБСЕ во Украина

Редакција