еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот од Прага

Повлекувањето на амбасадорот Сашко Тодоровски од Прага претставува долг процес кој беше воден од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатираа бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации, информираат од МНР.

„Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите.

Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва.

Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.

Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин,“ се вели во соопштението.

Во рамките на мандатот амбасадорот бил повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.

„Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата.

Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојот сопруг поднесе оставка поради хајката против него: Најчевска за повлечениот амбасадор Тодоровски од Прага

Поради низа неправилности вратен амбасадорот Сашко Тодоровски од Прага

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

Редакција

Инфлацијата во Русија 14,5%: Драматичен раст на цените на шеќерот, кромидот, пелените…

Редакција

Пешак прегазен кај Општина Ѓорче Петров, почина на лице место

Редакција