еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Могерини и Хан: Граѓаните рекоа „да“, Собранието на потег

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација, порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција.

– На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за европскиот пат. Парламентот е сега повикан да продолжи со следните чекори за имеплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните промени, пишува во изјавата на Могерини и Хан.

Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно напредување на патот кон ЕУ.

– На сите политички и институционални актери сега е да делуваат во рамките на нивната уставна одговорност надвор од партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и нејзините граѓани, порачаа Могерини и Хан.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 174 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

Редакција

Притвор за три лица: Родители си ја продале малолетната ќерка на Белгиец

Редакција

Првообвинет е Мијалков: Денеска пресуда за „Трезор“

Редакција