еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара СОНК

Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на Министерството за образование и наука (МОН) за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Ова го побарав и од другите министри во Владата и во истото гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири за Алсат ТВ, потенцирајќи дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

„Штрајкот е започнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава“, рече Шаќири.

Министерот рече дека заложбата на Владата е да се изнајде системско решение со кои платите на вработените во областа на образованието ќе растат со секое покачување на минималната плата, што всушност е и едно од барањата на СОНК, со оглед на тоа што е најавено нејзино покачување и во 2023 и 2024 година.

„Мене ме радува тоа што зборуваме за зголемување на платите. Оваа влада во неколку наврати ги зголеми платите на наставниците и тоа по 5% во 2018 и 2019 година и во 2022 година за 10%, на кои се додава и минат труд и така кумулативното зголемување е за над 21%. Така што и овој пат ќе се договориме и ќе излеземе во пресрет на наставниот кадар“, рече министерот.

Шаќири потенцираше дека СОНК останува да биде важен партнер на МОН во креирањето на образовните политики и дека планот е синдикатот да се вклучи во изработката на нова национална Стратегија за образование, која ќе биде долгорочна и ниеден министер во иднина нема да може да прави отстапки, а ќе ги опфати сите аспекти на образовниот систем, вклучително и можностите за кариерен и професионален развој на наставниците и за унапредување на економскиот статус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК ја поздрави заложбата на министерот Шаќири за изнаоѓање средства за вработените во образованието

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица од Ковид-19, помеѓу кои и еден странец кој се лекувал во болница

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на горива

Редакција

Кој е Горан Трајковски, кој од директорската позиција во ДЗЛП заминува во Еуростандард банка

Редакција