еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

Најавата за рестрикции на движењето на невакцинираните, последниве денови ги раздвижи македонските граѓани, кои одеднаш покажаа голем интерес да се вакцинираат, а дел од нив ја донесоа таа одлука не од здравствени причини, туку за да можат да пијат кафе во кафуле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте интересот: Вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани

На концерт или спортски настан од 16 август само со потврда за примена вакцина

Здравствените власти освен што најавија низа ограничувања за невакцинираните во затворен, но и во отворен простор, ги повикаа надлежните во државните институции, но и во приватниот сектор да ги „мотивараат“ вработените да се вакцинираат.

Дали во блиска иднина ќе можете да останете и без работа ако не сте вакцинирани?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За влез во институција не треба да сте вакцинирани

Нема законска можност за отпуштање од работа поради одбивање на работник да се вакцинира

Законски, како и што посочија деновиве од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во Македонија не постои можност да останете без работа ако не сакате да се вакцинирате.

„Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место“, велат од ССМ.

Во Македонија засега вакцинацијата против Ковид-19 не е задолжителна за никој. Но, во многу земји таа станува задолжителна за одредени професии, а можноста за отказ се зголемува, иако и таму законски тоа изгледа невозможно.

Не треба да одиме далеку, веќе имаме примери во соседна Србија и Грција. Во Грција се најави задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во старечките домови, а најверојатно работата нема да застане само со оваа група на работници. Следни најверојатно би биле работниците во угостителството и туризмот.

Тамошните власти отворено посочија дека одбивањето за вакцинација може да биде добра основа за отказ.

И во Србија од насен, големи се шансите, задолжителната вакцинација да има за работниците во домовите за стари лица, за здравствените работници, но и за оние кои работат во угостителски објекти, посебено во кујните. Се размислува и студентите, но и оние кои работат во образование.

На здравствените работници пак веќе им е забрането да се вратат на работа од одмор, доколку не се вакцинираат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје ќе потроши 32.500 евра на ручеци и вечери во познати скопски ресторани

Редакција

(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид

Редакција

Заев се огради од било какви разговори за „пакт против Србија“

Редакција