еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: За десетина дена ќе имаме и двоцифрени броеви на починати од овие стотици новодијагностицирани со Ковид-19

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“Наместо да започне да опаѓа, ефективниот репродукциски број Rt продолжува да расте и денеска ја проби дури и психолошката граница од 3,0.

Во други земји од овој бран обично неговата ведност започнала да се намалува по достигнувањето на тројката, но кај нас нема гаранција.

Во Тетово дури и да се стабилизира, во Скопје, Гостивар и Куманово веќе гори, а допрва еден по еден ќе избувнуваат и градовите на истокот и југот на земјата.

Се уште не сме достигнале ни половина од максималните дневни бројки, а 2.000 нови случаи дневно се на дофат на раката, под услов да се држи чекор со тестирањата.

Фрапантна е незаинтересираноста на властите да го обуздаат растот, се чини како да посакуваат врвот што побргу да настапи, без разлика на дневните броеви, а тие ќе бидат досега невидени кај нас.

Ќе видиме како ќе биде со хоспитализациите и смртните случаи во остатокот од државата (поради малку подобриот опфат со вакцинација), но во Тетово воопшто не е добро.

Леталитетот не опаѓа под 5%, а за десетина дена ќе започнат и двоцифрените броеви на починати од овие стотици новодијагностицирани.

Можеби репродукцискиот број е малку преценет, бидејќи во пресметките е користен сериски интервал од 4 дена, како за дивиот вухански и Алфа сој.

Кај Делта сојот тој е пократок, околу 3 дена, па репродукцискиот број би имал малку пониски вредности.

Но, затоа кај факторите на раст нема недоумица.

Тие покажуваат колкав е процентуалниот раст на 7-дневните просеци (на дијаграмот на втората слика), а овие моментално имаат вредности невидени од почетокот на епидемијата.

Но, тогаш растот беше при мали, едноцифрени броеви, а сега е при троцифрени, така што со фактор 1,25 просеците секојдневно растат за околу 25%.

Со вакво забрзување бргу ќе стигнеме до врвот, но тој нема да биде низок, туку веќе многу веројатно околу 2.000 случаи дневно.

Дури ни новите мерки нема да доведат до некое намалување, да не заборавиме дека нивното воведување е безнадежно далеку, а епидемијата има своја инерција.

Со која памет ќе ги тераат наставниците да одат на работа (колку да не седат дома и „да си ја оправдале платата“), кога таму освен размена на вируси немаат никаква друга работа пред 1 септември, а веројатни и потоа.

Барем тие можат да седат дома и колку-толку да ја намалат преносливоста, но изгледа дека од тоа нема ништо да биде.

Луѓето ќе се заразуваат, ќе го носат вирусот дома, ќе предизвикуваат нови страдања, а сето тоа без никаква потреба и се разбира никој нема да одговара за тоа.

Јас лично веќе со денови избегнувам продавници со многу луѓе, а наскоро ќе започнам со телефонски порачки и преземање на производите на улица, целосно избегнувајќи вдишување контаминиран воздух.

Подобро и така, отколку да се заразиме, па да бараме помош од комшии и пријатели за домашна достава, сме го поминале тоа. Ова нема вечно да трае, за 2-3 месеци би требало да излеземе од овој, но и есенскиот бран. За толку ќе издржиме“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Анализа на професор Трајковски: Вакцинираните во Македонија се разболувале 2,86 пати поретко од невакцинираните

Професор Трајковски објаснува каков ќе биде новиот бран на Ковид-19

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај

Редакција

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

Редакција

Пендаровски згрозен од случувањата на Онкологија, повика да се казнат виновниците

Редакција