еМагазин
Image default
ЖИВОТ

МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, приоритет за згрижување има дете на самохран родител

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство е одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

– Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите, се вели во соопштението од МТСП.

Министерство за труд и социјална политика потсетува дека во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол-оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на 29 мај 2020 година.

Тој беше испратен до јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснуваат дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и ги прилагодуваат групите согласно насоките.

– Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протоколите за градинките на доработка, па потоа одлука за почеток со работа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викенд нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Ученик во скопски Аеродром оди во основно училиште со нож, родителите бараат да се реши проблемот

Редакција

Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија, вели Ковачевски

Редакција