еМагазин
Image default
Македонија

Му се враќа на бизнисот: Анѓушев по изборите, ќе се збогува со политиката

Во емисијата Топ тема на телевизијата Телма, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев најави повлекување од политиката, и после изборите, без оглед на нивниот исход, ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше.

„Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто.

Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката во перспектива“, рече Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најави повлекување од политиката

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

После шест години повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за „Монструм“

Редакција

100 нови кревети во болниците се пренаменуваат за ковид-пациенти, ќе се оперираат само итни случаи

Редакција

Шеснаесетгодишна кавадарчанка позитивна на Ковид-19

Редакција