еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муцунски го осуди оштетувањето на автомобилот на Јанчева: „Во нашата општина ова не смее да се случува“

Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин, пред сè, го осудувам вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева. Во нашата општина ова не смее да се случува, реагира градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

– Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидеме горди. Замолувам да не се политизираат ваквите вандалски случувања, се вели во соопштението.

Тој додава дека досега неколку пати е реагирано до Министерството за внатрешни работи во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуство на терен на полицијата, но сè уште нема одговор.

Претходно, претседателката на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром, Јанчева реагираше оти доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живее бил оштетен нејзиниот автомобил.

Јанчева информираше дека случајот е пријавен во полиција и очекува брзо откривање на сторителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со пурпена запечатен автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од СДСМ, Јанчева

Фото: Фејсбук/Муцунски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мерко Англиска Кралица“: Твитер реакции откако струшкиот градоначалник ги предаде надлежностите

Редакција

Могерини: Би било добро во јуни да има почеток за преговори со Северна Македонија и Албанија

Редакција

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

Редакција