Генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба, попладнево пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје, каде ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка, по предлогот на Обвинителството за негов притвор.
Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.
Зекири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.
Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100 денари, на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен издаде наредба: Зекири да биде спроведен со полиција
Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор
МИА/Фото: МИА