еМагазин
Image default
Македонија

Мукоски бараше обештетување од државата за „27 април“ во Стразбур, но ненадејно ја повлече тужбата

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, иако беше амнестиран за „27 април“, поднесе тужба во Судот за човекови права во Стразбур, барајќи отштета за апсењето и притворот.

Апликацијата на почетокот на годината му беше прифатена, и стигна до фаза кога Владата се изјаснила дека нема да се спогодат и ќе одат на судење. Но, ненадејно Мукоски решил да се повлече, односно им рекол на неговите адвокати да ја повлечат тужбата, објави Фокус.

-Иако и понатаму сме на ставот дека тужбата е основана, сепак моравме да ја испочитуваме волјата на клиентот за повлекување на тужбата. Го известивме судот во Стразбур, но од таму бараат дополнителни информации за мотивот за повлекување, поради што не информираа дека дополнително ќе се произнесат, велат за Фокус адвокатите Михаил Кичеец и Игор Кичеец.

Фото: Мукоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ: Цела децeнија Мицкоски молчеше за црнила кои 11 години ја уништуваа Македонија

Редакција

Мијалков, Џафери и Беџети следни сведоци за „Монструм“

Редакција

Филипче ги повика граѓаните да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ на „Вибер“

Редакција