Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и фер атомосфера, а граѓаните покажале зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината.
„Имавме одлично спроведен изборен ден со незначителен број на неправилности без нарушување на јавниот ред и мир“, рече Спасовски.
Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата што овој пат, како и пред две недели, одговорно ги извршиле работните задачи и целиот изборен процес поминал мирно и безбедно.
„Имаше три случаи на фотографирање на гласачко ливче во Другово, Скопје и Неготино. Поднесени се соодветни пријави. Пријавени се четири случаи на агитирање, но констатирано е дека пријавите се неосновани. Евидентирани се две пријави за организирано носење на гласачи, во Битола пријавата е неоснована, а во Кочани се работи на расчистување на случаите“, додаде Спасовски.