еМагазин
Image default
Локално

МВР откри осумчлена банда млади разбојници

СВР Штип расветли пет кривични дела извршени во периодот од 15.01.-19.01.2019 година на подрачјето на ПС Штип од кои три „тешка кражба на дрзок начин“, „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“, за кои осомничени сторители се Б.Ј.(21), О.М.(31), А.М.(22), С.Д.(27), Е.М.(26) и тројца 16 годишни лица, информира МВР.

Осомничените од оштетените граѓани одзеле, мобилни телефони, ташна и паричник стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денари.

Од страна на полициски службеници украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање ќе бидат поднесени кривични пријави против сторителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар: Од утре аплицирање за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Редакција

Приведени две момчиња за уценување на 19-годишна девојка со објава на компромитирачки содржини

Редакција

Пукале откако ограбиле маркет во Скопје

Редакција