Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје достави известување за настанот за кој говори Драган Павловиќ-Латас во интервју на јутуберот Стефан Лазаров, емитувано на 15 февруари, информираат за МИА од скопското ОЈО.
Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.
Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.
– Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА