еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР поднесе кривични пријави против повеќе членови на навивачки групи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“,информира МВР.

На 02.11.2018 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли.

Исто така, на 03.11.2018 година во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.

На 04.11.2018 година во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли.

Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Тетово одржале средби со навивачките групи: Договорени мерки за релаксирање на односите

Навивачката група „Војводи“: Згрозени сме што не ставаат во ист кош со „Балистите„

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Кочани наседна на измамата со огревни дрва

Редакција

(Видео) Стравични сцени од големиот пожар во Сибир

Редакција

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите

Редакција