На 29.05.2019 година во 11.15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(54) од Скопје и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(41) од Скопје, информира МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот и му била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мотоциклист повреден во сообраќајка со возило на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски
Фото: Фејсбук/Лазовски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.