На 10.07.2021 година во 14,40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген голф“ со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Во незгодата, сопатникот од возило „фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал.
Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа во близина на Св.Еразмо