еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која учествуваше службениот автомобил на министрите Бектеши и Бесими

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека во координација со Јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата.

– Како што веќе информиравме, вчера околу 19:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци, итн, соопштуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Министрите Бектеши и Бесими доживеале сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Duferco Skop купи уште 1.290 акции на Макстил

Редакција

Проф. Трајковски: Неофицијалниот број на починати од Ковид-19 или негови последици изнесува 16.147

Редакција

Заев: ДУИ нема да биде дел од идната Влада ако бара Албанец за премиер

Редакција