еМагазин
Image default
Македонија

Најавите за протести за Заев се фрустрации на опозицијата оти не е власт 

Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт. 

Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, но тој како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направел сѐ да не дозволат да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот. 

-Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт, рече премиерот Зоран Заев прашан да ги коментира најавите на опозицијата за организирање протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ од среда ќе почне со најавените протести

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без разлика на ставот на Германија, во Македонија останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години

Редакција

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата заради национален консензус

Редакција

Новинарите наместо правда, за крвавиот четврток добија само прашање од судиите, „што сме барале на 27 април во Собранието“, вели Мрѓа

Редакција