Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 31 јануари покажуваат дека 72,8% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања.
“Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.259), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 589,4/100.000 жители.
Регистрирани се 1.800 смртни случаи кај лица од машки и 1.066 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 2.086 (72,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.636), дијабет (n=732) и белодробна болест (n=326)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
93,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија се лекувале дома
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.