Со реакција за т.н. француски предлог за решавање на спорот со Бугарија, на Фејсбук се огласи професорката Мирјана Најчевска, која ги сподели информациите кои за овој предлог ги објави Дојче Веле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор
„Би сакала да го видам оригиналот на овој предлог.
Од овде пренесеното не гледам основа да се согласиме со било кој елемент од истиот.
Нема ниту д од двостраност.
Едноставно се вметнати барањата на Бугарија во убава обланда.
Ова не е негирање на идентитетот на Македонците туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија.
Ова истото да го побара Русија кон Украина, ќе го наречат отворена агресија.
Ама која е Македонија па некој да се секира за довршувањето на окупацијата која Бугарија ја има започнато пред децении.
Дали Франција со ова станува отворен заштитник на фашизмот:
Заштитник на повратот на освоените територии од страна на членка на фашистичкиот сојуз која беше осудена дури да плаќа и репарации заради агресијата кон соседните држави“, пишува таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивор Мицковски: Францускиот предлог го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја
Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?
Фото: МИА