еМагазин
Image default
Македонија

Најдоцна до вечер Атина ќе ја испрати Вербалната нота до Скопје

Во текот на денешниот ден, веројатно до вечер Грција ќе ја испрати Вербалната нота до Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина. Останати се некои дипломатски детали за нотата од Атина да се испрати за Скопје и тоа треба да се случи набргу.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на минстрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и Грција.

Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да и предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.

Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломарскиот кор.

Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителот на должност во Канцеларијата за врски на Р. Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, присутни беа голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик, Панајотис Ригас, замениците шефови на грчката дипломатија, Маркос Боларис и Теренс Куик,министерката за цивилна заштита, Олга Геровасили, министерот за поморство, Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот парламент.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија стана членка на Советот на човекови права на Обединетите нации

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

Редакција

Не е загрозено правото на здравствена заштита на граѓаните, уверуваат од Фондот за здравствено осигурување

Редакција