Виктор има 2 години, на 6-месечна возраст му била констатирана дијагноза: G 80 церебрална парализа – хипотонична. Виктор не зборува, не седи и не оди, има груба моторикa, но психички е здрав.
Упатуван е на физикална терапија за јакнење на мускулатурата во Македонија и во Црна Гора, на приватен физиотерапевт, но тоа не покажало никакви резултати.
Семејството дознало за специјализираната болница за вакви болести, Ренона рехабилитација (Renona Rehabilitation) во Австрија, каде од септември 2018 година, Виктор треба да започне со третман.
За лекувањето, потребно е да се обезбедат средства во износ од 600.000 денари. На Виктор можеме да му помогнеме со директна донација на неговата денарска сметка, како правно или физичко лице, како и донација на донаторските броеви.
Податоци за донаторска сметка:
За Виктор Видоевиќ
Број на трансакциска сметка: 530500021480704
Банка депонент: Охридска банка АД Скопје
Донаторски броеви:
070 143 131 (за корисниците на Македонски Телеком)
143 465 (за корисниците на оне.Вип)