На неизвршните членови на Одборот на директори во текот на 2020 година како надомест за учество во органите на управување им е исплатено бруто износ од 224.004 денари, стои во годишниот извештај за минатата година на Макошпед АД Скопје, објавен преку Македонската берза.
“На генералниот директор по основ на менаџерски договор исплатен е бруто износ од 1.137.334 денари.
Примања на членовите на Одборот на директори по основ на членување во органи на управување во други друштва во извештајната 2020 година во бруто износ изнесуваат 608.443 денари.
Примањата на неизвршните членови на Одборот на директори по основ на бруто плата кај друг работодавец изнесуваат 3.886.089 денари“, се вели во извештајот.
Во Одборот на директори според офицјалната страна на Макошпед членуваат: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател, Никола Лазаров и Гоце Димитриоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макошпед“ оствари добивка од 3,2 милиони денари во првите три месеци од годинава
„Уготур“ ја зголеми сопственоста во „Макошпед“