еМагазин
Image default
Локално

Најголемата игротека на отворено во Скопје со цел да придонесе кон физичкиот развој кај најмалите

Во среда, 28.08.2019, во 18.30 часот во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо.

Истата е во склоп на Мондано Спортскиот комплекс кој се наоѓа веднаш зад гимназијата Јосип Броз Тито. Таму стотици деца може да си играат и притоа да ги развиваат своите моторички, физички и социјални способности.

Сите тие работи можат да ги прават во забавна атмосфера во уникатните паркови како Ninja Warrior, големата трамполина и Зорб топки за одење по вода, додека родителите може да си седат и уживаат во Backyard lounge bar.

Самите паркови се поставени со посебна причина, и тоа:

Ninja warrior park

Самиот парк е создаден од неколку вида на препреки кои децата треба да ги поминат. Истите се направени на многу интересен и креативен начин кој што им помага на децата во повеќе работи како развивање на свеста за нивното опкружување, ја зголемува нивната агилност, им помага за да го подобрат својот баланс и се учат како да паѓаат сигурно. Сите овие придобивки ги подготвуваат за отворениот свет каде полесно може да се снајдат во секакви ситуации.

Голема трамполина

Големата трамполина во Mondano Playground center е дизајнирана за деца што значи дека е заградена и е минимизиран ризикот од повреди. Покрај тоа што децата ќе може да скокаат и да играат тие може и да даваат кошеви на посебната табла што ја има во самата трамполина. Сите овие активности им помагаат во подобрувањето на кардиваскуларниот систем, во зголемување на балансот и правилното држење, и во поттикнување на циркулацијата на кислород во крвта при што доаѓа до зајакнување на енергијата кај децата.

Зорб топки за одење по вода

Оваа поставка во Mondano Playground center можеби е една од најуникатните. Во еден базен со длабочина од само 30цм се става Зорб топка во која децата може да влезат и потоа да се движат во плитката вода. Тоа им дава чувство како да лебдат и со тоа, покрај огромното ниво на забава кое ќе го имаат, ќе ги подобрат своите моторички способности движејќи со рацете и нозете и ќе го подобрат својот баланс.

Секоја поставка и парк во Mondano Playground center е посебно избрана за да им помогне на децата во нивниот развој. Тимот на Мондано е мотивиран од тоа што во спортскиот комплекс редовно се одвиваат спортски активности каде младите спортуваат и го негуваат своето здравје. Посебно учениците од гимназијата Јосип Броз Тито кои ги користат терените бесплатно. Водени од тие придобивки и од позитивната енергија која се шири низ комплексот тие одлучија да ги прошират придобивките и за најмалите со Mondano Playground center.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Масовна тепачка во локал во Дебар

Редакција

Допирал малолетничка по телото пред нејзиниот брат

Редакција

Затворена сендвичарницата во Виница каде што стотина лица добија труење од храна

Редакција