еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.021 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.021 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.720 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, осомничен е за „несовесно работење во службата“

Редакција

Германската невладина организација „Џуст аксес“: Постапките на Бугарија против Македонија претставуваат злоупотреба на меѓународното право

Редакција

Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, поради тоа што е ставен на „црната листа“ на САД

Редакција