еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Камчев му се влошила состојбата, повторно бил однесен на Клиниката за кардиологија

Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Јордан Камчев повторно се пожали на своите бранители на влошена здравствена состојба, информираат од неговата одбрана.

„Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира, па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија.

Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје.

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на Јордан Камчев, која што очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика.

Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, Камчев од својата 15 година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје,“ се вели во соопштението.

Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот, велат од таму.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Македонците позагрижени за корона вирусот отколку Албанците

Редакција

Билјана Ивановска избрана за претседател на Антикорупциска, кои се другите нови членови

Редакција

МВР и Обвинителството добиле пријава за фалсификат за информацијата за оставка на Димитров

Редакција