Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г.
Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
-Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација, велат од Министерството
Бројот на оздравени пациенти е 215.853, а на починати 8.055.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драстичен раст: 1.964 нови случаи на Ковид-19 од 7.724 тестови
Фото: МЗ