еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмногу во Скопје: Нови 20 случаи на заразени со коронавирусот

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.642, а на починати е 91.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

„По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово“, велат од таму.

Согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 550, активни 132, Куманово – 408, активни 53, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.

“Направените 275 теста се преку: Институт за јавно здравје –185, Ветеринарен факултет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ -17.

Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени уште 24 заболени од Ковид-19, вкупно 1.136

Немал претходни заболувања, детали за починатиот пациент од коронавирусот од Велес

Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската црква ќе ја признае МПЦ како „Православната црква во Република Северна Македонија“, не како Охридска архиепископија

Редакција

Обнова на пистата на скопскиот аеродром од 28 март, ќе трае 50 дена без затворање

Редакција

Убава вест: Оздравени 856 заболени од Ковид-19

Редакција