Последниве денови бројките на новозаразени со Ковид-19 во Македонија константно растат, а вчера беа регистрирани 74 нови случаи, највисока бројка во последните неколку недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројките се зголемуваат: Нови 74 случаи на Ковид-19 од 4.582 тестирања
Докторите од Скопје и Тетово, каде е регистрирано најголемо зголемување на бројките, посочуваат дека негативниот тренд е резултат на непочитување на мерките и опуштањето на граѓаните, а на „удар“ вооглавно се невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19.
Засега не е познато дали полека, но сигурно, делта сојот станува доминатен и во Македонија, како што веќе е случај во неколку земји од регионов и пошироко, а најнова студија покажа дека оваа варијанта на Ковид-19 освен што е најопасна од сите досегашни, се пренесува лесно како сипаници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здравствените власти најавуваат можни мерки за невакцинираните од наесен, а повеќе експерти во неколку наврати најавија зголемување на бројот на заразени веќе од 15 август, а значително зголемување на бројките од септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини
Фото: МЗ