Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс „Маракана“ да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.
„Маракана“ е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри.
Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во комплексот.
Исто така, не е познато дали привремена болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во составот на коплексот, каде има и атлетски стадион и базен.
МИА/Фото:Orissa Post
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Хистерија од коронавирусот во Босна: Жена и маж се степаа за вреќа брашно
Прв случај на коронавирусот во Тетово, како изгледа мапата по градови
Просекот на заболените со коронавирусот во Македонија останува 43,5 години